Комисијата составена од професори од Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги избра ПОБЕДНИЦИТЕ НА КОНКУРСОТ за најдобар книжевен превод од македонски на странски јазик (по избор: англиски, германски, италијански, турски, шпански, француски и руски јазик) на извадок од романот „Диссомнии“ од македонскиот писател и професор на Филолошкиот факултет, Игор Станојоски.

ДОБИТНИЦИ НА ТРИТЕ НАГРАДИ – ваучери за покривање на партиципацијата за првата година од студиите на кој било факултет и студиска програма на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – се:

Дарко Давчев, ССОУ - Коле Неделковски – Велес (превод на англиски јазик)

Васко Пеев, СОУ "Јане Сандански" – Струмица (превод на италијански јазик)

Андриана Петровски, СОУ „Перо Наков“ – Куманово (превод на руски јазик)

Им честитаме на добитниците и на нивните ментори: професор Јордан Палашев, професор Дафина Пандева и професор Билјана Коцевска.

Пофалници ќе им бидат доделени на: 

  • Стефани Миленковска од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица (превод на англиски јазик), ментор - професор Зорица Паликарова;
  • Тамара Алексова од СОУ Гимназија ,,Славчо Стојменски” – Штип (превод на германски јазик), ментор - професор Елена Дуткова;
  • Матеј Милосиевски од  ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје (превод на англиски јазик), ментор - професор Веселче Леонтевска;
  • Севда Мемиш од СОУ Гимназија ,,Славчо Стојменски” – Штип (превод на турски јазик);
  • Илија Пелтековски, од СОУ ,,Јане Сандански" – Струмица (превод на англиски јазик), ментор - професор Виолета Николова;
  • Маринела Стоиловска од СОУ,,Миле Јаневски Џингар” - Македонска Каменица

Им честитаме на ДОБИТНИЦИТЕ и срдечно им се заблагодаруваме на сите 67 учесници и на нивните ментори.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.