„Poetry Slam“ инспирира многу луѓе ширум светот да го откријат сопствениот израз и да се пронајдат во сопствените зборови. Исто така е и можност да се сподели внимание, да се сослушаат еден со друг и да се дадат нови одговори.

Себастијан 23 студирал филозофија, а потоа имал многу слободно време. Така тој стана еден од најпознатите поетри слемери во Германија и освои неколку кабаре награди, како Pantheon, St. Ingberter Pfanne и Cloppenburger Klappklotz. Тој се етаблира на Poetry Slam-сцената во Германија, Австрија и Швајцарија од 2002 година, а во 2008 година освојува мастер-титула на германското јазично Poetry Slam натпреварување во Цирих. Себастијан 23 се појавува на комедија и кабаре сцените, како и на телевизиски програми, како што се ТV total, WDR Poetry Slam и NDR Talkshow.

Време: понеделник, 20.5.2019 г., 11 часот (предвидено траење на работилницата е околу 3 часа)

Место: Филолошки факултет во Скопје, предавална П8

Ќе бидат пишувани едноставни творби, а потоа тој постепено ќе ги создаде во свој текст. Целта е да се создаде свој текст и во најдобар случај истиот да се презентира - вештина која исто така треба да се научи.

Што треба да понесете: едно пенкало, хартија, желба за креативно пишување и за ново и убаво искуство. Искористете ја шансата! Пораснете надвор од себе!

Пријавете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со име и презиме, контакт информации и наведете го нивото на познавање на германскиот јазик.

Настапот на авторот ќе биде вечерта од 19:30 часот во Јавна соба.

Не пропуштајте го овој перформанс.

Се радуваме на Вашето присуство

Друштво за македонско-германско пријателство и соработка - Скопје

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.