Деканката на Филолошкиот факултет при УГД - Штип, доц. д-р Драгана Кузмановска, учествуваше на Тркалезна маса како гостин-предавач пред студентите по германистика на Факултетот по класични и нови филологии при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.

Овој настан се организираше преку проектот насловен како „Нови достигнувања во хуманитаристиката: латиноамерикански, средоземноморски и трансатлантски јазици и култури“,  Комплекс на врвни достигнувања во хуманистиката „Алма Матер“, СУ „Св. Климент Охридски“ - Софија. Темата на која говореше деканката имаше мошне интересен наслов -  „Phraseologismenals Schmückjeder Sprache“ (Фразеологизмите како украс на секој јазик) што го привлече вниманието не само на германистите, туку и на другите присутни студенти од овој факултет. На овој настан учествуваа и наставниците виш лектор м-р Снежана Кирова и лектор м-р Марија Крстева, како и неколкумина студенти од англистика и германистика од Филолошкиот факултет при УГД - Штип кои се дел од овој меѓународен проект.  

При ова гостување, средба остварија деканките на двата факултета, доц. д-р Драгана Кузмановска и проф. д-р Мадлен Данова, при што договорија потпишување на меѓународен договор за соработка преку кој ќе се овозможат гостувања и соработки како на наставничкиот и соработничкиот кадар, така и на студентите на прв, втор и трет циклус студии на двата факултета. Во најава е подготвување на заеднички меѓународен проект значаен за развојот на двата факултета.

Технички секретар

Јасминка Миланова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Јулијана Денкова

Тел: +389 32 550 082

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.