Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Воронешки државен универзитет (Русија) ја организираат Третата меѓународна научна конференција „ФИЛКО“: филологија, култура и образование.

Конференцијата ќе се одржи на 26 и 27 април 2018 година на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Меѓународната научна конференција „ФИЛКО“, посветена на актуелните проблеми во филологијата, културата и образованието, има за цел да ги обедини на едно место професионалците од овие области (професори, докторанди, магистранди).

На Конференцијата ќе бидат дискутирани следниве теми:

1. Филологија

– Современи лингвистички истражувања: контрастивни проучувања на јазиците, интеркултурна комуникација, јазична политика, преведувачки предизвици;
– Словенските јазици во современиот свет;
– Словенските литератури во европската и во светската книжевна констелација;
– Современата светска литература: најважни трендови.

2. Култура

– Нови тенденции и пристапи во теоријата на културата;
– Културата и прашањата на етничкиот идентитет;
– Меѓународни културни врски во време на социополитички промени.
– Македонија и Русија: културни паралели
– Одразот на современото општество во културата (музика, филм, сликарство, литература, филозофија);
– Етнолошкото и археолошкото наследство во Македонија, Русија и на Балканот.

3. Образование
– Современите образовни процеси во Македонија, Русија и во Европа;
– Методи во наставата по јазик и литература: усвојување втор јазик; образование на наставниците по мајчин и странски јазик; развивање програми за учење мајчин и странски јазик;
– Учење на далечина;
– Образование и практика;
– Прашања на повишување на стручната квалификација.

Работни јазици на Конференцијата се македонски, руски и англиски јазик.

Форми на учество на Конференцијата:
– редовно: реферат, дискусија;
– вонредно: статија, постер-сесија.

Пријавата, апстрактите и статиите се испраќаат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Котизацијата од 1850 денари или 30 евра е задолжителна за сите учесници на Конференцијата.

Време за излагање и дискусија: 15 минути.

Статиите ќе бидат објавени во електронски зборник по одржувањето на Конференцијата.

Редовните учесници на Конференцијата сами ги сносат трошоците за пат и за престој.

Рок за поднесување на пријавата и апстрактите: до 25 март 2018 година.

Известување за прифаќање на апстрактите: до 30 март 2018 година.

Краен рок за поднесување на статиите: до 31 мај 2018 година.

Контакти:
Марица Тасевска
Филолошки факултет, УГД
+389 (0) 32 550 117
Ирина Аржанова
Филолошки факултет, ВГУ
+ 7 (951) 853 90 26
E-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пријавата за учество можете да ја најдете на следниов линк:

Технички секретар

Јасминка Миланова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Јулијана Денкова

Тел: +389 32 550 082

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.