Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ десетгодишнината од своето постоење ќе ја одбележи, меѓу другото, со организирање Конкурс за најдобар есеј и цртеж на тема „Јазикот и неговата комуникациска моќ“.

Право на учество имаат сите ученици од средните училишта во Република Македонија. Пријавените есеи/цртежи мора да бидат оригинални и самостојно изработени или под менторство на предметен наставник и да бидат напишани на еден од јазиците што се изучуваат на Филолошки факултет: македонски, англиски, германски, турски, италијански, руски, француски или шпански јазик.

Есеите се испраќаат во печатена форма, А4 формат (од 250 до 1000 зборови).

Пријавените трудови може да бидат заеднички труд на повеќе кандидати (најмногу тројца), а со есејот/цртежот треба да се испратат и следниве информации:

  • за кандидатот: име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење и телефонски број;
  • за менторот: име и презиме, телефонски број и училиште.

За најдобрите се предвидени и награди, а трудовите (есеите или цртежите) може да се испраќаат до 15 март по пошта на адреса:

За Награден конкурс на

Филолошки факултет - УГД

ул. Крсте Мисирков 10-А

пош. фах 201

2000 Штип

или лично:

Филолошки факултет - УГД, Штип,

Книжарница, Кампус 4.

Постер (.pdf)

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.