Филолошкиот факултет го објави петтиот број од меѓународното научно списание „Палимпсест“ во електронска форма (http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL) со трудови од автори од Македонија, Египет, Турција и од Мароко.

Имено, во петтиот број се објавени вкупно 25 труда од автори од Македонија (Виолета Јанушева, Игор Станојоски, Марија Леонтиќ, Марија Ѓорѓиева Димова, Славчо Ковилоски, ДаниелаАндоновска-Трајковска, Ивона Мургоска, Мариче Чолакова, Лучана Гвидо-Шремпф, Слободан Милошески, Петар Намичев, Екатерина Намичева, Стојанче Костов, Зорица Николовска, Адријана Хаџи-Николова, Нина Даскаловска, Милена Гаврилова, Умит Сулејмани, Људмил Спасов, Димитар Пандев, Ранко Младеноски и Марија Гркова), од Египет (Чахинда Езат), од Турција (Нурдан Јешилјурт, Сат’ Кумарташл’оглу, Шерифе Сехер Ерол Чал’шкан, Тугба Теке, Џан Шен и Алп Ерен Демиркаја) и од Мароко (Мохамед Ел-Халфаи и Абдерахим Турчли).

Во предговорот кон петтиот број на „Палимпсест“, проф. д-р Светлана Јакимовска, уредник во списанието и продекан на Филолошкиот факултет, нагласува: „Бавните, носигурни исчекори кои ние како уредници ги остваруваме со секој нов број на списанието само ни ја потврдуваат увереноста дека сме биле на вистинскиот пат кога ги поставувавме неговите темели. Имено, водени од идејата на нашиот патрон Гоце Делчев дека ’светот единствено е поле за културен натпревар меѓу народите‘ сметавме дека токму страниците на нашето списание, преку размената на идеи и сознанија, ќе создадат нов простор за културен и научен натпревар. Во тој дух и се определивме трудовите да се објавуваат на повеќе јазици (англиски, француски, германски, италијански, турски и руски јазик), секако, негувајќи го, пред сè, мајчиниот македонски јазик. Во тој дух беше и определбата да се објавуваат трудови не само на домашни туку и на странски автори чиј интерес за списанието расте со секој нареден број“.

Инаку, ова е трета година од постоењето на меѓународното научно списание „Палимпсест“ чиј Уредувачки одбор веќе интензивно го подготвува шестиот број, а се објавува во електронска и во печатена форма во два броја годишно. Во списанието се објавуваат трудови од областите лингвистика, наука за литературата, методика на наставата и културологија. Исто така, резервирана е и рубрика за прикази, односно за рецензии за најновата продукција (книги, монографии и слично). Во „Палимпсест“ се објавуваат трудови на седум јазици: македонски, англиски, руски, германски, италијански, француски и турски јазик, но со задолжителен апстракт на англиски јазик за секој труд. Уредувачкиот одбор на списанието е составен од 30 уредници (универзитетски професори) од 17 земји: Македонија, САД, Русија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Швајцарија, Романија, Унгарија, Турција, Индија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Словенија и Србија.

Технички секретар

Јасминка Миланова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Јулијана Денкова

Тел: +389 32 550 082

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.