По повод Денот на сесловенските просветители, студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност учествуваа во проект на НУУБ „Гоце Делчев" - Штип.

Во проектот ,,Св. Кирил и Методиј - сесловенски просветители" нашите студенти имаа излагања за периодот во кој твореле светите браќа. Споделија факти од житијата и мисиите на св. Кирил и Методиј, говореа за нивните ученици, активните средновековни книжевни школи и останатите средновековни книжевни дејци. Интересно е тоа што со присутните споделија и споредбени податоци за глаголицата, старословенската азбука и денешната кирилица.

- Ова е одличен начин за одбележување на Денот на сесловенските просветители. Уште подобро е што нашите студенти се овде за да ги споделат своите знаења со присутните основци и средношколци. Филолошкиот факултет ја продолжува соработката со сите сродни установи и институции. Пред неколку години, на овој ден, на истово место, заедно со Библиотеката одржавме свечена академија во чест на св. Кирил и Методиј. Денес сме вклучени во оваа манифестација и ја потенцираме важноста на капиталното дело што го наследивме од солунските браќа. Ние сме нивни следбеници и со радост и гордост им пренесуваме нови знаења на денешните и на идните генерации - истакна деканката на Филолошкиот факултет при УГД - Штип, проф. д-р Драгана Кузмановска, во своето поздравно обраќање кон присутните.

- Чест ни е што сме дел од овој проект во кој активно се вклучивме со наши излагања, асистирање во креативните работилници, изготвување идејни решенија за промотивни материјали и наставни ливчиња, како и изведба на куса драматизација со акцент на тезите и антитезите од трактатот „О, писменех“ од Црноризец Храбар, а сето тоа под менторство на доц. д-р Милена Ристова- Михајловска - истакна Маријана Николова, студентка во прва година на Катедрата за македонски јазик и книжевност.

Во креативните работилници учествуваа ученици од основните и од средните училишта за кои од страна на студентките и библиотекарите беа подготвени наставни ливчиња, според возраста. Најмалите ученици боеја и учеа изговор на специфични букви од старословенската азбука. Со асистенција на студентките, повозрасните ученици испишуваа букви од глаголицата, учеа изговор на старословенските букви, читаа текстови на старословенски јазик. Времето за работа беше кратко, но доста ефективно. На манифестацијата се обратија и координаторката на проектот Соња Манева и в.д. директорката на НУУБ „Гоце Делчев" - Штип Блага Спиридонова. Во реализацијата на проектот беа вклучени студентките Александра Стоилкова, Ана Рувиноска, Верица Милорадова, Маријана

Николова, Милена Тасева и Наташа Ѓорѓиевска од Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет во Штип.

Настанот се одржа на 23 мај 2019 година на летната сцена на НУУБ „Гоце Делчев" - Штип. Проектот се реализираше со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.


Технички секретар

Весна Конзулова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Јулијана Денкова

Тел: +389 32 550 082

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.