Search

Проф. д-р Александра Саржоска одржа предавање за италијанизмите во македонскиот јазик на Филолошкиот факултет

Во организација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, денес во просториите на Тренинг-центарот на УГД се одржа предавањето „Кога зборовите патуваат: италијанизмите во македонскиот јазик“, посветено на јазичниот контакт и лексичките заемки меѓу македонскиот и италијанскиот јазик.

Предавањето го одржа проф. д-р Александра Саржоска, истакнат лингвист и долгогодишен истражувач во областа на лексикологијата, која пред присутните говореше за влијанието на италијанскиот јазик врз македонскиот, посочувајќи бројни примери на италијанизми кои денес се дел од секојдневната комуникација.

Преку интересни лингвистички анализи и практични примери, присутните имаа можност да се запознаат со начинот на кој јазиците се развиваат преку меѓусебен контакт, но и со културните врски што се создаваат преку заемното влијание.

Настанот предизвика голем интерес кај студентите и академската јавност, отворајќи дискусија за значењето на изучувањето странски јазици, преведувањето и меѓукултурната комуникација во современиот глобален контекст.

Со вакви предавања, Филолошкиот факултет продолжува да ја поттикнува научната љубопитност и да создава простор за продлабочување на знаењата во областа на јазикот, литературата и културната размена.