На Катедрата за турски јазик и книжевност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, го пронајдов она кое сакам да го работам до крајот на мојот живот – предавање турски јазик на странци.
Уште од моите рани средношколски години, во мене се роди една љубопитност за турскиот јазик и култура, при што одлучив да се запишам во турскиот културен центар „Јунус Емре“, каде што достигнав Ц2 ниво и таму продолжив со моите студии седум години. По завршувањето на средното образование, запишувајќи се на Катедрата за турски јазик и книжевност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, го пронајдов она кое сакам да го работам до крајот на мојот живот – предавање турски јазик на странци. Како што растеше мојата амбициозност и љубов кон јазикот, така растеа и моите успеси, така што се вработив како професор во најпознатата платформа за предавање на странски јазици на светско ниво, стационирана во Хонг Конг и Шангај. Како изненадување, првите ученици ми беа фудбалери, кои се беа трансферирале во фудбалските клубови на Република Турција. Моите студии на УГД ми отворија нова перспектива и надеж дека со оваа благородна професија доста би можела да придонесам за општеството.
Би сакала да им се заблагодарам на моите посветени професори по турски јазик и книжевност: Марија Леонтиќ, Махмут Челик, Нуман Ару, Ивана Костева, Рабие Рушид, Дилгу Чатал и Рефиде Шахин, кои секогаш со насмевка на нивните лица и преку макотрпна работа ги доведувале нивните предавања на ниво на академско совршенство.


