Search

Успешни приказни од студенти

При студирањето на УГД имав можност да учам од извонредна група на професори од Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет. За мене тоа претставуваше огромна чест и задоволство и веднаш сфатив дека сум го направила вистинскиот избор. Наставничкиот кадар на Филолошки факултет е полн со разбирање, поддршка, поттик и несебично го споделува своето стручно знаење со студентите.
Студирањето на УГД беше неверојатна можност која ми овозможи стекнатото знаење и вештини да ги применувам во пракса во моето секојдневно работење со студентите, да ја работам професијата што ја сакам и што ме исполнува.

Имено, прва од својата група ја одбранив дипломската работа, во август, 2013 година, за веќе следниот месец, во академската 2013/2014 година да бидам повикана за демонстратор на Катедрата по македонски јазик и книжевност, соработувајќи со колеги на повеќе предмети на Катедрата. Потоа, се запишав на постдипломски студии во 2013 година, а магистерскиот труд го одбранив во септември, 2016 година. Паралелно со тоа, од 2014 година работам како професор – предавач по македонски јазик на странски студенти во Институтот за јазици кој работи во рамките на Филолошкиот факултет.
Посебно ме радува тоа што овде имам можност да соработувам со врвни професори и да работам со студенти од повеќе земји низ светот како Русија, Турција, Америка, Германија, Швајцарија, Шведска и Грција, а со тоа и професионално да се надградувам.
Доколку сѐ уште размислувате каде да го продолжите образованието, не двоумете се, бидејќи Филолошкиот факултет при УГД е вистинскиот избор за вас и со сигурност нема да погрешите!