-
Создадено: Петок, 24 Октомври 2025
Професорките Ана Коцева и Сашка Јовановска реализираа наставничка мобилност во рамките на програмата ЦЕЕПУС (CEEPUS), во периодот од 13 до 16 октомври, на Филолошкиот факултет при Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Република Бугарија.
Во рамките на мобилноста, тие одржаа серија предавања на тема „Академско пишување на англиски јазик“, насочени кон унапредување на академските и јазичните компетенции на студентите. Наставните активности беа проследени со интерактивни дискусии и примери од практиката, кои поттикнаа активно учество и размена на идеи. Оваа мобилност овозможи и продлабочување на академската соработка меѓу двете институции, со можност за идни заеднички проекти и иницијативи.