-
Создадено: Понеделник, 01 Декември 2025
Во периодот од 28 до 30 ноември 2025 година во Охрид се одржа Стручен собир (работна средба) на учесниците од проектот „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзина примена во наставата - од научни концепти до практична реализација“.

На собирот се презентираа досегашните активности од повеќето работни групи (странски јазици: англиски и германски јазик) од претставниците од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Беа разменети искуства и идеи за иден развој на проектот и текот и планот на проектните активности во иднина.

