Search

Соработка

Партнерство за едукација, размена на искуства и развој

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ активно гради партнерства со универзитети, институции и компании на национално и меѓународно ниво. Оваа соработка обезбедува квалитетна едукација за студентите, им овозможува учество во истражувачки проекти и создава можности за практична обука. Факултетот, преку Еразмус+ и други програми за размена, им нуди на студентите и наставниот кадар можност за меѓународна мобилност и професионален развој.

Меѓународна соработка

Во рамките на воспоставените меѓународни партнерства, на студентите и вработените на УГД им се овозможува учество во проекти и обуки на странски универзитети, што им помага да стекнат значајно знаење и искуство. УГД е универзитет со над 400 меѓуинституционални договори и во тек на академската година има размена на повеќе од 300 дојдовни студенти и 50 лица како наставен и административен кадар.

За повеќе информации за меѓународната соработка, посетете: ugd.edu.mk/za-ugd/sorabotka/.

 

Еразмус+ програма

Во рамките на УГД веќе долги години успешно се реализира и програмата Еразмус+, која е проект на Европската Унија во областа на високото образование и која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.

Размена на студенти:
Програмата е наменета за сите редовно запишани студенти на УГД што имаат завршено најмалку 2 семестри од студиите, имаат постигнато солиден успех и имаат познавање на англискиот јазик. Студентската размена можат да ја реализираат во еден од партнерските универзитети, чија целосна листа може да се најде тука, а студиската размена може да се реализира во период од 6 или 12 месеци. Во рамките на Еразмус+ програмата нудиме и програма на англиски јазик и активности за странските студенти што доаѓаат на размена на УГД.

Размена на вработени:
Наставниот кадар на Универзитет „Гоце Делчев“ преку Еразмус+ програмата има можност за мобилност, која може да се оствари на еден од странските Универзитети со кои УГД има склучено договор за соработка. Мобилноста за вработените е во времетраење од една недела и може да биде остварена во форма на предавања или обука. Со цел оваа програма да биде подобро промовирана пред студентите, УГД во текот на годината постојано организира информативни денови и состаноци со претставници од Националната агенција.

Дополнително, сите потребни информации можете да ги добиете на следниот линк: cmus.ugd.edu.mk

Листа на соработници на Филолошки факултет