Универзитетско студентско собрание
Универзитетското студентско собрание е тело на Универзитетот во кое членуваат претставници на студентите. Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите, преку свои претставници учествува во одлучувањето во органите и телата на Универзитетот и ги претставува студентите во рамките на високото образование како членови на академската заедница.
- Согласно со Законот за високо образование, Универзитетското студентско собрание ги има следниве надлежности:
- избира студентски претставници во Сенатот и во другите органи и тела на Универзитетот,
- донесува план и програма за својата работа,
- предлага студентски правобранител,
- се грижи за квалитетот на животот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварувањето на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба,
- им предлага на органите на управување план за финансирање на студентските активности,
- поттикнува студентски активности надвор од наставниот процес,
- донесува општи акти на студентското собрание согласно со Законот и Статутот на Универзитетот,
- врши други активности од интерес на студентите.
Универзитетското студентско собрание е составено од претставници на студентите, именувани од редот на претставниците избрани во факултетското студентско собрание.
Факултетските студентски собранија и студентските собранија на високите стручни школи именуваат по двајца претставници во Универзитетското студентско собрание на Универзитетот, во чиј состав се:
Претседател на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание.
Мандатот на членовите и на претседателот на Универзитетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор.
Бројот на членовите на Универзитетското студентско собрание, како и органите на Универзитетското студентско собрание и начинот на нивниот избор се уредуваат со статутот на Универзитетот. Универзитетското студентско собрание има статут. Статутот на универзитетското студентско собрание се донесува по претходна согласност од Сенатот на Универзитетот.
Работата на Универзитетското студентско собрание се финансира со средства на Универзитетот, во рамките на кој делува Универзитетското студентско собрание.
Претседател на Факултетското студентско собрание при Филолошки факултет:
- Анабела Петковска (E-mail: anabela.163036 [at] student.ugd.edu.mk)
Членови на Факултетското студентско собрание при Филолошки факултет:
- Сара Серафимова
Англиски јазик и книжевност 162896 - Мине Зурапова
Турски јазик и книжевност 162802 - Јована Златева
Турски јазик и книжевност 163099 - Сара Ковачка
Англиски јазик и книжевност 162987 - Анабела Петковска
Италијански јазик и книжевност 163036 - Ана Митева
Англиски јазик и книжевност 162875 - Лора Зафировска
Англиски јазик и книжевност 162912 - Сара Тоневска
Англиски јазик и книжевност 162877 - Мерјем Бушра Јаман
Англиски јазик и книжевност 162870 - Марија Трбогазова
Англиски јазик и книжевност 162961
- Мине Зурапова (E-mail: mine.162802 [at] student.ugd.edu.mk )
- Ана Митева (E-mail:ana.162875 [at] student.ugd.edu.mk)
Претставници во Универзитетското студентско собрание од редовите на студентите на Филолошки факултет се:
- Ана Митева (E-mail:ana.162875 [at] student.ugd.edu.mk)
- Јована Златева (E-mail:jovana.163099 [at] student.ugd.edu.mk)
Студентски правобранител
Студентскиот правобранител се избира од Сенатот на Универзитетот, со мнозинство гласови на членовите на Сенатот на Универзитетот, на предлог на Универзитетското студентско собрание на претходно објавен конкурс.