Филолошкиот факултет е основан во 2008 година во градот Штип, акредитиран од Министерството за образование и наука на РС Македонија и е признат како реномирана високообразовна институција во земјава.
Денес Филолошкиот факултет е една од водечките
високообразовни институции во земјава, максимално е посветен на продуцирање
висококвалитетен кадар кој ќе биде успешен во имплементирање на филолошкото
знаење во сè поизразените компетитивни услови и ќе биде способен да се справи
со предизвиците што ги нуди современиот развој на општеството и бизнисот.
Факултетот нуди програми за додипломски и последипломски
студии од неколку области на јазиците и книжевностите.
Филолошкиот факултет во фокусот ги става студентите
и нивните потреби поради што се градат и одржуваат партнерства со локални,
национални и меѓународни организации и институции, кои обезбедуваат можности за
студентите да стекнат практично искуство и изложеност на различни деловни
средини.
Факултетот ги следи светските трендови и континуирано иновира во поглед на студиските програми на ниво на европските и светските практики, воведува нови наставни методи и техники, со слобода за креативност и изразување на сопствените гледишта на професорите и студентите, во контекст на општествените појави и процеси.
Времето поминато на Филолошкиот факултет е
исполнето со бројни можности за градење на вашето образование и кариера –
инспиративни, предизвикувачки, едукативни, научни. Посветени сме и секогаш
подготвени да ви помогнеме да стигнете до оваа цел затоа што нашиот постигнат
успех и професионалност ги гледаме првенствено преку вашиот успех.