Search

Обраќање на деканот и продеканите

Декан

                                    Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска

Обраќање на деканот и продеканите

Почитувани студенти, идни професори, лектори, преведувачи и толкувачи.
Добредојдовте на веб-страницата на Филолошкиот факултет Филолошкиот факултет претставува современа високообразовна и научноистражувачка
институција со јасна академска мисија – унапредување на филолошките науки преку квалитетна настава, континуирано научно истражување и активно учество во општествениот и културниот развој.

Нашата дејност е втемелена на принципите на академска слобода, научна аргументираност и почитување на јазичната и културната разновидност, а нашата мисија е да обезбедимеквалитетно образование, да поттикнуваме на критичко размислување и да градиме стручни, одговорни и општествено ангажирани кадри.

Наставниот кадар на Факултетот посветено работи на создавање стимулативна академска средина која поттикнува на критичко мислење, истражувачки дух и интердисциплиниран пристап. Студиските програми се усогласени со современите европски образовни стандарди и се насочени кон подготовка на компетентни и професионално оспособени кадри. Факултетот остварува активна соработка со домашни и странски високообразовни институции, научни
центри и културни организации, со што придонесува за интернационализација на наставата и истражувањето.

Веб-страницата има за цел да обезбеди транспарентни и релевантни информации за студиските програми, научните активности, административните прашања и актуелните настани. Ве охрабруваме активно да ги користите достапните ресурси и да придонесувате за развојот на
нашата заедница.

Срдечно,
Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска

Продекан 
Проф. д-р Ева Ѓорѓиевска