Студентите од Филолошки факултет - Катедра за италијански јазик и книжевност, Технолошко-технички факултет, како и од Музичка академија и Ликовна академија беа дел од настанот „Младите и Италија - една инспирација, многу приказни“ што се одржа по повод XXII Неделата на италијанскиот јазик во светот.

Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри, истакна: - Навистина сум задоволен што во Штип се изучува италијанскиот јазик и морам да ги пофалам професорките од Катедрата за италијански јазик и книжевност кои се многу активни и секоја година ги организираат настаните поврзани со Неделата на италијанскиот јазик.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, посочи дека соработката меѓу двете институции е исклучително значајна за студентите кои имаат можност преку програмите за размена на студенти да го продолжат своето студирање во Италија.

Доц. д-р Весна Коцева заедно со студентите Марија Цветкова, Меланија Спасова и Загорка Манчева ги претставија карактеристиките на говорот на младите во Италија. Студентите Емилија Симеонова, Зујца Манчева, Марија Коцева и Теодора Тодосовска читаа и презентираа превод на песни од италијански на македонски јазик од млади автори, под менторство на доц. д-р Јована Караникиќ Јосимовска. 

Студентие Софија Јакимова (на виолина), Никола Чедомировски и Благица Јорданова, во придружба на проф. Невенка Дуковска (на пијано) ги претставија музичките дела Концерт in A minor од Вивалди, Serenate од Маскањи и O mio babbino caro од Пучини.

Студентките Цветанка Стоилова и Снежана Петрова читаа извадоци од преводот од италијански на македонски јазик на романот „L’acqua del lago non è mai dolce“ од Џулија Каминито. Преводот на студентката Стоилова беше награден на Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2022 г.

Настанот го збогати и презентацијата „Една библиотека, многу приказни: Како ја најдов Rime, et prose del 1589?“, на гостите од Национална и универзитетска библиотека „Св.  Климент Охридски“ – Скопје. Магдица Шамбевска, Милица Ивановска и студентката Цветанка Димовска ја претставија дигиталната колекција на книги и антички ракописи на италијански јазик.

На крај проф. д-р Марија Ќертакова, со студентите од Технолошко-техничкиот факултет, ги претставија креациите инспирирани од модата на младите во Италија.

Гостите можеа да уживаат во изложбата на слики и скулптури изработени од студентите од Ликовната Академија кои црпеле инспирација од богатото италијанско ренесансно творештво. 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu