Филолошкиот факултет овозможува стекнување на теоретско и практично знаење, со можности за развивање кариера во наставата и преведувањето, како и работа во меѓународниот сектор. Нашиот факултет е посветен на обезбедување висококвалитетно образование кое ги спојува теоретските лингвистички и книжевни концепти со практични вештини. Преку разновидни студиски програми и извонредни можности за истражување и професионален развој, студентите се подготвуваат за успешни кариери во домашни и меѓународни институции, медиуми и образовни организации.
Филолошкиот факултет има посебна мисија во негување на знаењата за македонскиот јазик и литература, како и во изучувањето на странски јазици и литератури, меѓу кои: англиски, германски, италијански, турски, француски, шпански, руски и полски. На овој начин факултетот придонесува за создавање љубов и почит кон јазикот и литературата воопшто.
Факултетот ги подготвува студентите за идни наставници, преведувачи и толкувачи, обезбедувајќи им солидна основа за работа во медиумите, во меѓународни организации и за учество во проекти со национално и глобално значење.
Својата образовна и научна дејност, Филолошкиот факултет ја организира преку студиски програми засновани на Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС), во согласност со принципите на Болоњската декларација, што гарантира современ и конкурентен академски кадар.
Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на
високото образование, која преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.
Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв, втор и трет циклус универзитетски и професионални студии.
Уписите се вршат во три уписни рокови, од кои првиот е во август, а другите два во текот на септември, во зависност од слободните места за упис. Бројот на студенти кои може дасе запишат на одделните факултети за одредена академска година се објавува во конкурсот.
Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите од прв циклус за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.
Филолошки факултет, завршен прв циклус студии – Италијански јазик и книжевност. Позиција на којашто работам денес: Координатор на проекти во...
На Катедрата за турски јазик и книжевност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, го пронајдов она кое сакам да го...
При студирањето на УГД имав можност да учам од извонредна група на професори од Катедрата за македонски јазик и книжевност...