Home
Програмата „Меѓународна парламентарна стипендија“ (ИПС) на германскиот Бундестаг за 2025 година е насочена кон млади дипломци кои се ангажирани, отворени, со интерес за политика и со волја активно и одговорно да учествуваат во демократската иднина на својата земја.
Германскиот парламент им дава можност на овие млади луѓе преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем.
Програмата 2025 започнува на 1 март 2025 г. и трае до 31 јули 2025 г.
Предусловите за апликација, меѓу другото, се државјанство на земјата што учествува (можно е и двојно државјанство), завршени универзитетски студии, одлични познавања на германскиот јазик (најмалку ниво Б2 на Заедничката европска референтна јазична рамка) како и возраст под 30 години пред почетокот на стипендијата.
Дополнителни информации ќе најдете на интернет: https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2598228 и www.bundestag.de/ips
Апликациите треба да се достават до 31 јули 2024 год. до Германската амбасада во Скопје по електронска пошта: (This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.), која го прави првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети во Амбасадата на интервју со Комисија од германскиот Бундестаг.