Home
Програмата е насочена кон млади дипломци, кои се ангажирани, отворени, со интерес за политика и со волја активно и одговорно да учествуваат во демократската иднина на својата земја.
Германскиот парламент им дава можност на овие млади луѓе преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем.
Програмата 2026 започнува на 1 март 2026 и ќе трае до 31 јули 2026 г.
Предуслов за апликација, меѓу другото, се државјанство на земјата што учествува (можно е и двојно државјанство), завршени универзитетски студии, одлични познавања на германскиот јазик (најмалку ниво Б2 на Заедничката европска референтна јазична рамка), како и возраст под 30 години пред почетокот на стипендијата. Дополнителни информации ќе најдете на интернет: https://skopje.diplo.de/mk-mk/2598228-2598228
Апликациите треба да се достават до 31 јули 2025 год. до Германската амбасада во Скопје по и-мејл (This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.), која го прави првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети на интервју со Комисија од Германскиот Бундестаг.