По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот, Филолошкиот факултет заедно со Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ организираат гостинско предавање и презентација на книга-водич за Северна Македонија со наслов „Зборовите на одржливоста во водичот ‛Северна Македонија: природа, екскурзии и култура‛“. Гостин-предавач е г. Алесио Ликуори, автор и поранешен заменик-амбасадор на Р. Италија во Македонија. Ќе се вклучи и г. Алберто Ости, италијански издавач.
Read more ...Home
Преку гостинско предавање од страна на проф. Рино Капуто, од Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим, Италијa, се одбележа Неделата на италијанскиот јазик на УГД. Предавањето се одржа во Тренинг-центарот на УГД, а покрај професорот од Италија, присутни беа и голем број студенти од УГД, заменик-амбасадорот на Италија во Македонија, проректорката на УГД и голем број професори од Филолошкиот факултет при УГД.
Read more ...По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот, Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организира гостинско предавање - Lectio magistralis со наслов „Одржливоста како тема во делата“ на Итало Калвино.
Read more ...(Видео) Професорка од Полска, познавач на македонскиот и балканскиот фолклор, одржа предавање на УГД
Јоанна Ренкас од Универзитетот „Адам Мицкијевич" од Познањ, Полска, одржа предавање пред студентите од Филолошки факултет на УГД. Предавањето беше на тема „Folk-Lore или фолклор. Пандорината кутија на фолклористиката".
Read more ...