Home
На 20.4.2023 година се одржа вебинар по повод 23 април - Меѓународниот ден на англискиот јазик. На вебинарот учествуваа студентите од трета и четврта година од катедрите по англиски јазик и книжевност, германски јазик и книжевност и италијански јазик и книжевност. Сите имаа можност да ги споделат своите истражувања и презентации како дел од нивната практична работа.
Read more ...Во периодот од 16 февруари до 4 март 2023 г., Филолошки факултет организираше Обука за наставници по италијански јазик и литература која ја водеше проф. Елизабета Јафранческо, соработник и лингвистички експерт за италијански како странски јазик, шеф на Институтот за италијански јазик за странци при Центарот за јазици на Универзитетот во Фиренца. Обуката е во организација на Катедрата за романски јазици и книжевности (СП Италијански јазик и книжевност) при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со поддршка на Амбасадата на Република Италија во Скопје.
Read more ...Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организираше предавање за почетоците на кинематографијата со наслов „What we are talking about when we talk about cinema“.Гостин предавач беше проф. Марко Пешетели, аташе за култура при Амбасадата на Република Италија и доктор на науки од областа на кинематографијата. Во рамките на настанот беше доставена и донација на книги која Амбасадата на Република Италија ја доделува за потребите на студентите на Студиската група за италијански јазик и книжевност.
Read more ...