ПОКАНА

Почитувани колеги!

Ве покануваме да учествувате во Петтата меѓународна научна конференција „ФИЛКО“: филологија, култура и образование што ќе се одржи на 8-9 октомври 2020 година на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Северна Македонија.

Организатори на конференцијата:

Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (Штип, Северна Македонија)

Филолошки факултет при Воронешкиот државен универзитет (Воронеж, Русија)

Меѓународната научна конференција „ФИЛКО“, посветена на актуелните проблеми во филологијата, културата и образованието, има за цел да ги обедини на едно место професионалците од овие области (професори, докторанди, магистранти).

За учество во конференцијата се покануваат научници, наставници во основно и средно образование, вработени во библиотеки, докторанди и магистранти.

На конференцијата ќе бидат дискутирани следниве теми:

 

  1. Филологија

– Современи лингвистички истражувања: контрастивни проучувања на јазиците, интеркултурна комуникација, јазична политика, преведувачки предизвици

– Словенските јазици во современиот свет

– Словенските литератури во европската и светската книжевна констелација

– Современата светска литература: најважни трендови

 

  1. Култура

– Нови тенденции и пристапи во теоријата на културата

– Културата и прашањата на етничкиот идентитет

– Меѓународни културни врски во време на социо-политички промени

– Македонија и Русија: културни паралели

– Одразот на современото општество во културата (музика, филм, сликарство, литература, филозофија)

– Етнолошкото и археолошкото наследство во С. Македонија, Русија и на Балканот

  1. Образование

– Современите образовни процеси во С. Македонија, Русија и Европа

– Методи во наставата по јазик и литература: усвојување втор јазик;

образование на наставниците по мајчин и странски јазик; развивање програми за учење мајчин и странски јазик

– Учење на далечина

– Образование и практика

– Прашања на повишување на стручната квалификација

Работни јазици на конференцијата:

– македонски, руски и англиски јазик

Форми на учество на конференцијата:

– редовно: реферат, дискусија;

– вонредно: статија, постер сесија, онлајн

Пријавата, апстрактите и статиите се испраќаат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Котизацијата од 1850 денари или 30 евра е задолжителна за сите учесници на конференцијата

Време за излагање и дискусија – 15 минути.

Статиите ќе бидат објавени во електронски зборник по одржувањето на конференцијата.

Редовните учесници на конференцијата сами ги сносат трошоците за пат и престој.

Рок за поднесување на пријавата и апстрактите – до 31 мај 2020 година Известување за прифаќање на апстрактите – до 10 јуни 2020 година

Краен рок за поднесување на статиите - до 31 октомври 2020 година

Контакти:

     Наташа Сарафова                                                        Ирина Аржанова                

    Јована Караникиќ-Јосимовска                                 Филолошки факултет, ВГУ

    Филолошки факултет, УГД                                          + 7 (951) 853 90 26 

    +389 (0) 32 550 167

    +389 (0) 32 550 187                                                                

    Е-пошта: filko.conference@gmail.com

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.