Катедрата за италијански јазик и книжевност, со поддршка на Амбасадата на Р. Италија во Скопје, го одбележува Денот посветен на Данте Алегиери со читање на стиховите на Данте на осумте јазици коишто се изучуваат на Филолошкиот факултет: англиски, германски, италијански, македонски, руски, турски, француски и шпански.

Студентите под менторство на професорите по јазик и литература ги читаат познатите стихови од Пеколот, преземени од објавените преводи на странските јазици:   

  • на англиски јазик чита студентката Јована Ефтимова под менторство на проф. Марија Крстева;
  • на италијански јазик читаат студентките Софија Иванова и Емилија Симеонова под менторство на проф. Јована Караниќиќ Јосимовска;
  • на француски јазик чита студентката Марија Коцева под менторство на проф. Светлана Јакимовска;
  • на македонски јазик чита студентката Маријана Николова под менторство на проф. Ана Витанова-Рингачева;
  • на руски јазик чита студентот Борче Тренчов под менторство на проф. Костадин Голаков;
  • на шпански јазик чита студентката Зорица Исирова  под менторство  на проф. Марија Тодорова;
  • на германски јазик чита студентката Меги Димова под менторство  на проф. Даринка Маролова;
  • на турски јазик чита студентката Сандра Илиева под менторство  на проф.  Марија Леонтиќ.

Оваа активност ја организираа доц. д-р Јована Караниќиќ Јосимовска и проф. д-р Ева Ѓорѓиевска од Катедрата за италијански јазик и книжевност, а техничката поддршка е овозможена од Александар Максимов.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.