Со задоволство Ве информираме дека на Универзитет Гоце Делчев во Штип, во просторот на компјутерска предавална на ФОН, имате можност да полагате меѓународни тестови по англиски јазик од Кембриџ инглиш и од Британски совет, што ќе ви користат за напредок во кариера, академско или стручно усовршување, или за преселба.

Сите овие долунаведени тестови се со резултати изразени според Европската јазична рамка на Советот на Европа, и се со меѓународна примена. Затоа при нивна организација, треба да бидете идентификувани и да покажете важечка лична карта или пасош. 

Одберете некој од тестовите: 

  • Тестови

  • АПТИС(APTIS)

    • Aптис е флексибилен и лесно достапен дијагностички тест по англиски јазик, што ви овозможува тестирање на една, две, три или четири вештини релевантни за вашите потреби, и брзо добивање на резултатите.
    • Резултатот и нивото на познавање на англискиот јазик според Европската јазичнарамка  (ЕЈР)  се добива веднаш по полагањето, или наредниот ден.
    • Се полага на компјутер и задолжително се тестираатграматиката со вокабуларот,како и вештините слушање и читање, или само слушање (за полагање на такси-лиценцата). 
    • Тестирањето се завршува за околу 2 часа или порано, во зависност колку брзо кандидатот ги завршува прашањата.

    ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ

    • 11 декември, 2018 г.
    • 26 февруари 2019г.
    • 19 март 2019 г.
    • 23 април 2019 г.
    • 21 мај 2019 г.
    • 18 јуни 2019 г.
    • 9 јули 2019 г.
    • 8 октомври 2019 г.
    • 19 ноември 2019 г.
    • 10 декември 2019 г.

    ПРИЈАВУВАЊЕ

    За испитот се пријавувате со испраќање на  пополнетата пријава по електронска пошта на:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    Напомена: При внесување на името и презимето на кандидатот/ката во пријавата, истото да е испишано на латиница како што е испишано во личната карта или во пасошот.

    На денот на полагањето треба да носите оригинален доказ за извршена уплата за тестот, како и документ за лична идентификација, во спротивно нема да можете да го полагате испитот.

    УПЛАТА

    Цената на испитот е 1.850,00 ден. за вештините слушање и читање, односно 1.500 ден. за вештината слушање (за добивање такси-лиценца), истата се уплатува најдоцна 2 дена по пријавувањето на следната жиро сметка:

    Назив и седиште на примачот: Британски совет Македонија Банка на примачот: Комерцијална Банка АД Скопје Трансакциска сметка: 300000001838574

    Или со картичка онлајн при самото пријавување

    Тестирањето ќе биде реализирано доколку за наведените термини има пријавено најмалку 10 кандидати. Во спротивно, пријавените кандидати се контактираат за потврда за префрлање за нареден термин, или за откажување и повлекување на средствата.

    НА ДЕНОТ НА ТЕСТИРАЊЕ

    Тестот започнува во определеното време назначено погоре. Потребно е да дојдете на местото на тестирање најдоцна 10 минути пред почетоткот на тестот, и со себе да носите важечки документ за лична идентификација: лична карта или пасош.

    Идентификација

    во определеното време

    Инструкции за тестот и прашања

    10 мин.

    Граматика и вокабулар

    25 мин.

    Слушање

    55-58 мин.

    Читање на даден текст

    30 мин.

    НАДВОРЕШНИ ЛИНКОВИ

    Доколку постои интерес за групно полагање (до 10 лица) на испитот АПТИС може да се закаже и вонреден термин или термини.

  • ИЕЛТС (IELTS)

    ИЕЛТС е најпопуларниот тест за познавање на англискиот јазик во светот.  Mинатата година се полагале повеќе од 2.9 милиона ИЕЛТС тестови.

    Полагањето на ИЕЛТС отвoра многу можности – може да ви помогне да живеете, да студирате или да работите ширум светот. Повеќе од 10.000 организации од 140 земји, вклучувајќи владини, образовни, како и институции за вработување го прифаќаат ИЕЛТС .ИЕЛТС е единствениот тест за познавање на англискиот јазик што е прифатен од сите земји кои бараат при доселување ваков тест.

    Доколку аплицирате за виза за да се преселите, или за да престојуватево Обединетото Кралство, ИЕЛТС е на листата на одобрени сигурни тестови по англиски јазик. Можете да пронајдете повеќе информации во делот ИЕЛТС за виза и за емиграција во Обединетото Кралство.

    ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ

    во процес на договарање за термини за 2018

    ПРИЈАВУВАЊЕ  И УПЛАТА Треба да се пријавите на интернет: https://ielts.britishcouncil.org/macedonia. Во рок од 5 дена од денот на пријавување, треба да извршите уплата од 9500 денари на жиро сметка на Британски совет во банка (300000001838574 - Комерцијална банка) или пак онлајн на при пријавувањето со Виза или Мастер картичка.Потврда за прифаќање на вашата пријава ќе добиете по електронска пошта.  Потврдата од пријавувањето заедно со копија од пасош или лична карта (доколку не сте прикачиле  при пријавувањето) и копија од уплатницата треба да ги доставите, испратите на е-маил (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) или испратите по пошта во Британски совет, најмалку 10 дена пред датумот за испит.Ќе ве известиме за местото и времето на полагање, една недела пред одржувањето на испитот, по електронска пошта.

    Тестирањето ќе биде реализирано доколку за наведените термини има пријавено најмалку 15 кандидати. Во спротивно, пријавените кандидати се контактираат за потврда за префрлање за нареден термин, или за откажување и повлекување на средствата

    НА  ДЕНОТ  НА  ТЕСТИРАЊЕ Тестот започнува во 9 часот на датумот за кој сте се пријавиле. Потребно е да дојдете на местото за тестирање најдоцна до 8:30. Со себе треба да ја понесете вашата лична карта или пасош, молив, пенкало и гума.

    Идентификација                                          08:30 – 08:50

    Инструкции и прашања пред испитот           08:50 - 09:00

    Слушање                                                     09:00 – 09:45

    Читање                                                        09:50 – 10:50

    Пишување                                                   11:00 – 12:00

    Говор                                                          интервју 13–15 минути

    Вашето интервју ќе се одржи истиот ден после 12:30 ако не сте од Штип или за кандидатите од Штип, истиот ден или доколку нема можност, тогаш во рок од една недела пред или после писмениот испит.

    НАДВОРЕШНИ  ЛИНКОВИ Од интернет страницата на IELTS www.takeielts.org може да симнете тестови за подготовка на секој дел од ИЕЛТС поединечно. За да проверите кои институции го прифаќаат ИЕЛТС, проверете на http://bandscore.ielts.org/

  • БУЛАТС (BULATS)

    БУЛАТС (Business Language Testing Service) е меѓународно признат испит на Одделот за сертифицирање на англиски јазик при Универзитетот Кембриџ наменет за компании и организации. Обезбедува брза и сигурна проверка на јазичните вештини на поединци или групи на вработени, и е наменет е да го утврди нивото на познавање на јазикот за вработените или идните вработени кои користат или ќе користат англиски во нивната работа. Тестот има два дела: читање и слушање.

    Резултатите се издаваат веднаш по полагањето, освен за кандидатите кои се пријавиле во последен момент и во тој случај резултатот ќе го добијат наредниот ден. Резултатите се изразени според долната табела на бодови и нивоа од Европската јазичната рамка на Советот на Европа

    Ниво

    Под A1

    A1

    A2/ALTE1

    B1/ALTE2

    B2/ALTE3

    C1/ALTE4

    C2/ALTE5

    Бодови

    0 – 9

    10 - 19

    20 – 39

    40 – 59

    60 – 74

    75 – 89

    90 – 100

    ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ

    • 11 декември, 2018 г.
    • 26 февруари 2019г.
    • 19 март 2019 г.
    • 23 април 2019 г.
    • 21 мај 2019 г.
    • 18 јуни 2019 г.
    • 9 јули 2019 г. 
    • 8 октомври 2019 г.
    • 19 ноември 2019 г.
    • 10 декември 2019 г.

    ПРИЈАВУВАЊЕ

    Пред да се пријавите, проверете дали има сеуште слободни места за соодветниот датум.Пријавувањето е онлајн на https://esolreg.britishcouncil.org/Macedonia?_ga=2.226186457.259981880.1504530246-784013234.1504089978

    Тестирањето ќе биде реализирано доколку за наведените термини има пријавено најмалку 10 кандидати. Во спротивно, пријавените кандидати се контактираат за потврда за префрлање за нареден термин, или за откажување и повлекување на средствата.

    УПЛАТА Испитот чини 2,800 ден. Уплатата за испитот треба да се направи во рок од 2 дена од пријавувањето. Уплатата може да се направи на 2 начина:

    • Во банка на жиро сметка на Британски совет (300000001838574 во Комерцијална банка) на уплатница ПП10.
    • Со картичка онлајн при самото пријавување

    Префрлување од една во друга сесија како и повраток на средства, не е дозволено, заради обемот на барања.

    Назив на примач:Британски Совет Македонија, Цел на дознака :БУЛАТСШтип и датум на полагање, на пример: БУЛАТС Штип, 20септември.

    НА ДЕНОТ НА ТЕСТИРАЊЕ Потребно е да дојдете во просториите на компјутерската предавална на ФОН, барем 15 мин пред закажаниот термин и да понесете со себе важечка легитимација (исклучиво лична карта или пасош кои не треба да бидат оштетени или лепени). Тестот трае околу 85 мин.

    НАДВОРЕШНИ ЛИНКОВИ Како изгледа тестот, може да се провери на веб страницата на БУЛАТС (https://bulatsdt.bulatsonline.org/appTest/demoTestSelectPage.html?method=demoTestSelectPage&langId=1&testCode=RL) со користење на следнава лозинка: DEMBULE1.

    Подготвителни материјали за БУЛАТС може да се најдат на: www.cambridgeenglish.org/exams/bulats/preparation/.

    Исто така може да ги користите и нашите бесплатни електронски ресурси за учење на англискиот јаик: www.britishcouncil.mk/english/online

  • ПЕТ (Пи-И-Ти) (PET)

    ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ

    • 08.07.2018    
    • 22.11.2018    

  • ФЦЕ (Еф-Си-И) (FCE)

    Овие тестови се се меѓународни дипломи по англиски јазик без рок на важност, и имаат широка употреба. Со овие општи квалификации се докажува дека можете да говорите и да пишувате на англиски јазик доволно добро за да можете да работите, или да учите во опкружување каде се говори исклучиво англиски јазик, а ниво на квалификацијa и тест е Б2 (ФЦЕ), Ц1 (ЦАЕ) и Ц2 (ЦПЕ) во Заедничката европска рамка.Највисокот ниво е Ц2, а најниското А1.

    Испитите имаат пет дела. Пишувањето и читањето, користењето на англискиот јазик и слушањето ќе ги завршите во еден ден. Делот за зборување можеби ќе биде друг ден, а тој се спроведува со двајца испитувачи и со уште еден кандидат.

    Читање

    Пишување

    Користење на англискиот јазик

    Слушање

    Зборување

    Дозволеновреме

    1 час

    1 час 20 мин

    45 мин

    40 мин

    14 мин. покандидат

    Оценки (% од вкупното)

    20 %

    20 %

    20 %

    20 %

    20 %

    ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ

    • 07.06.2018    
    • 20.10.2018   

    ПРИЈАВУВАЊЕ Штом се одлучите за една од овие три дипломи, се пријавувате на интернет, на конкретниот линк за секој од овие три испити, што ќе бидат објавени штом датумите се истакнати. По пријавувањето, во вашата е-сандаче ќе добиете потврда за Вашата пријава за односниот датум и времето на полагање.

    УПЛАТА После пријавувањето секој кандидат ќе добие електронска пошта со информации на кој начин може да уплати средства за полагање на тестот.

    Може да уплатите на еден од следниве два начини:

    • На жиро сметката на Британски совет Македонија во Комерцијална банка 300000001838574 на уплатница ПП10
    • Онлајн при процесот на апликација

    Цени: ФЦЕ – МКД8,500 ЦАЕ – МКД9,000 ЦПЕ – 9,900

    Тестирањето ќе биде реализирано доколку за наведените термини има пријавено најмалку 15 кандидати. Во спротивно, пријавените кандидати се контактираат за потврда за префрлање за нареден термин, или за откажување и повлекување на средствата

    НА ДЕНОТ НА ТЕСТИРАЊЕ

    • Бидете на местото на полагање барем 30 минути порано.
    • Задолжително имајте пенкало, молив, гумичка за бришење, потоа  пасош/лична карта и вашиот распоред.
    • Мобилните телефони и другите предмети што не се дозволени (книги, торби итн.) ставете ги на местото што ќе го определи вашиот надзорник.
    • Може да имате шише со вода, но треба да го ставите на подот до вашето столче за да се избегнат  евентуални инциденти.
    • Откако ќе седнете, надзорникот ќе побара да го види вашиот пасош/лична карта и вашиот распоред за да утврди дека вие сте вистинскиот кандидат.
    • Надзорникот ќе ви ги подели прашањата (и во некои случаи одделни листови со одговори и/или празни листови хартија)
    • Ако на листот со вашите прашања името не е точно, ве молиме веднаш да го известите надзорникот.
    • Надзорникот ќе ви даде конкретни упатства за секој лист. Ве молиме да внимавате и доколку имате некои прашања околу постапката, нив да му ги поставите на надзорникот.
    • Прочитајте ги упатствата на првата страница.
    • Не ги отворајте прашањата додека тоа не ви го каже надзорникот.
    • Надзорникот ќе ве извести за времетраењето за решавање на секој тест. Потрудете се сите задачи да ги завршите во определеното време бидејќи нема да ви биде дадено дополнително време за пренос на одговорите на посебниот лист за одговори.
    • Надзорникот ќе ве извести дали за одговори на прашањата на секој лист треба да користите молив, или пенкало.
    • За пишувањето: ве молиме да пишувате во рамките на сивите линии во просторот даден во листот со прашања. За завршување на грубата работа користете ги  празните листови.
    • За слушањето: тестот е поделен во делови, а снимката на це-де е целосна, со сите потребни паузи и упатства за кандидатите. Секој дел ќе се преслуша два пати. Ќе ви биде дадено време да ги пренесете вашите одговори, а це-дето ќе ве извести и кога е завршен тестот.
    • Не смеете да зборувате, да држите, или да користите недозволени предмети (како мобилни телефони, на пример), бидејќи со тоа ризикувате да бидете дисквалификувани.
    • Ако сакате да одите во тоалет, од безбедносни причини, мора да ве придружува надзорникот.
    • За паузата за користење тоалет нема да ви биде дадено дополнително време.
    • Надзорникот ќе ве потсети кога ќе има уште 10 и уште 5 минути до крајот на писмените прашања.

    Фотографирање на денот на тестот се задолжителни за испитите FCE, CAE, CPE. Фотографирањето може да се изврши на денот на писмениот, или на усниот тест.

    НАДВОРЕШНИ ЛИНКОВИ

    Може дополнително да се подготвите со помош на бесплатните ресурси за подготовка на Cambridge English. Осмислени се од стручњаци кои ги подготвуваат испитите

    Најголем дел од резултатите ќе бидат објавени четири недели по денот на испитот освен за тестовите кои се полагаат на компјутер, за кои резултатите ќе бидат објавени по само две недели. Кандидатите имаат директен пристап до своите резултати преку Онлајн услугата за резултати од оценувањето на тестот Cambridge English

  • ЦАЕ (Си-Еј-И) (CAE)

    • 17.05.2018     
    • 03.11.2018

  • ЦПЕ(Си-Пи-И) (CPE)

    24 ноември 2018

КОНТАКТ од понеделник до-петок,  во 13:30 до 15:30часот на тел. 032/550-159 или е-адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Повеќе детали за секој од овие тестови може да најдете на веб страницата на Британскиот совет https://www.britishcouncil.mk/exam

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021