На ден 2.7.2020 г., доц. д-р Натка Јанкова Алаѓозовска, професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одржа онлајн работилница на тема „Интеркултурната компетенција - неопходна компонента при изучувањето странски јазици“.

Работилницата беше спроведена преку платформата Microsoft Teams, а во неа учествуваа околу 30 студенти. Тие имаа можност да научат нешто ново од областа на интеркултурната комуникација, односно да ги продлабочат своите знаења во врска со комуникацијата меѓу различните култури. Работилницата беше интерактивна и преку одредени активности студентите беа запознаени со основните термини култура, комуникација, стереотипи и стратегии, со цел да се стекнат со повисока интеркултурна компетенција.

Целта на ова предавање, освен запознавањето со основните термини поврзани со темата, беше и истражувањето преку кое ќе се измери интеркултурната компетенција на студените од различните катедри во моментот на спроведување на работилницата. Добиениот резултат би послужил како поттик за понатамошни активности во насока на подобрување на оваа компетенција кај студентите.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.