Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ на 22 овој месец организираше настан по повод Неделата на италијанскиот јазик во светот, насловен „La letteratura per bambini tra la Macedonia del Nord e l’Italia: un confronto – Книжевноста за деца во Северна Македонија и Италија: компаративен преглед“  преку платфомата Zoom. 

На настанот беа претставени поетските творби на поетите Џани Родари и Киро Донев, прочитани од страна на студентите од Катедрата за италијански јазик и книжевност и Катедрата за македонски јазик и книжевност.

Вториот дел од настанот претставуваше кратка работилница за креативно пишување предводена од доц. д-р Ана Витанова-Рингачева.

Работилницата беше организирана од страна на професорките: доц. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска, доц. д-р Весна Коцева и лектор д-р Надица Негриевска, заедно со доц. д-р Ана Витанова-Рингачева од Катедрата за македонски јазик и книжевност.

На настанот присуствуваа и претставниците од Амбасадата на Р.Италија: заменик-шеф на Мисија Алесио Ликуори и проф. Марко Пешетели, а свое обраќање кон присутните имаа и деканката на Филолошки факултет проф. д-р Драгана Кузмановска и продеканката на Филолошки факултет доц. д-р Весна Коцева.

Настанот со свое присуство и учество го збогатија и проф. Дафина Пандева од Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица, заедно со своите ученици кои учат италијански јазик, како и други проучувачи на италијанскиот јазик.

Беше забележано активно учество на студентите, а нивните творби од работилницата ќе бидат објавени во списанието „Кула“ што го објавува Филолошкиот факултет при УГД. Инаку, Филолошкиот факултет во Штип редовно организира работилници и гостувања на предавачи во текот на Неделата на италијанскиот јазик и надвор од неа. 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.