Протокол за соработка потпишаа Универзитетот „Гоце Делчев“ и Институтот „Јунус Емре“ - Скопје. Со Протоколот се предвидува отворање на Турско катче со предавална во Кампус 4, на Филолошкиот факултет при УГД.

Деновиве реализацијата на овој Протокол се наоѓа во последна фаза. Во Кампус 4 две седмици се прават подготовки за реновирање и опремување на две простории. Во моментов на Кампус 4 има само две соодветни простории за Турско катче и предавална, кои припаѓаат на Универзитетската библиотека на УГД, од Филолошкиот факултет им се заблагодаруваат на раководителот на Универзитетската библиотека на УГД, Александар Донски, и библиотекарите на Универзитетската библиотека, Јасминка Соколовска и Марио Параклиев, кои дозволија овие простории да се користат за Турско катче и предавална и помогнаа во оваа реализација. Бидејќи двете простории беа преполни со книги на Универзитетската библиотека, студентите од Групата за турски јазик и книжевност наизменично волонтираа за пренесување на книгите во друга просторија. Во оваа работна акција се вклучија студентите: Енис Амети, Енис Алиов, Серкан Усеин, Серкан Ајрушев, Џенгис Зуберов, Бариш Пашов, Али Алиев, Аднан Сали, Ибрахим Мамудов, Јашар Адемов, Ален Зекировски и Џошкун Сулејман, кои беа раководени од економот Слободан Стојчев.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.