Групата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со Турското катче на Институтот „Јунус Емре“, што се наоѓа во Кампус 4, организираа интерактивна програма за Денот на образование на турски јазик на 20 декември 2018 год.

На оваа прослава гости беа студентите од Групата за турски јазик и книжевност и студентите од Турција кои се запишале на Универзитетот „Гоце Делчев“ со своите наставници.

Студентите на Групата за турски јазик и книжевност читаа оригинална турска поезија со препев на македонски јазик, направен од страна на студентите на насоката Преведување, и презентираа едночинка што тие ја напишаа. Изборот на поезијата, рецитирањето и едночинката беа реализирани под раководство на наставниците на Групата.

По програмата следеше запознавање на студентите од Македонија со студентите од Турција. По запознавањето се разви дискусија за идната соработка и можностите за заеднички активности на студентите од Македонија и од Турција во соработка со нивните наставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ и Турското катче на Институтот „Јунус Емре“ што се наоѓа во Кампус 4.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.