Филолошкиот факултет заедно со издавачката куќа „Просветно дело“ организираа Советување за наставници, филолози, студенти и професори за тоа како најдобро да се употребуваат актуелните списанија за деца и млади во наставниот процес.

Идејата е да се обрне внимание на македонскиот јазик и литература и да се поттикне љубов кон пишаниот збор.

- Идејата беше заедничка со Филолошкиот факултет, со цел да обрнеме повеќе внимание на нашиот јазик и да ставиме акцент на правилното изразување и творење како кај наставниците така и кај децата. И најважна и примарна цел ни е да ја развиваме љубовта кон читањето. Се надевам дека ова советување ќе биде поттик за повеќе читање и повеќе другарување со книгата и списанијата - изјави Ксенија Маказлиева-Трајчева, уредник во „Просветно дело“.

Домаќин на настанот беше Филолошкиот факултет при УГД, кој профилира наставнички кадри од сите јазици, но секако голем акцент става на употребата на мајчиниот јазик.

- Целта е негувањето на мајчиниот јазик и преку негово негување и изучување да ја развиеме и љубовта кон другите странски јазици. Неодамна во медиумите се појави веста дека нашите ученици ги знаат повеќе странските јазици, а помалку мајчиниот јазик. Јас би рекла дека тоа не е вистина и не е возможно. Затоа што за да го знаете странскиот јазик, пред сѐ, треба да се знае мајчиниот јазик. Ние сме денес овде заедно со наставниците, родителите, професорите, филолозите да изнајдеме начин како да го акцентираме македонскиот јазик, односно да ја развиваме љубовта кон него - изјави деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Драгана Кузмановска.

Промоторите на настанот истакнаа дека списанијата што ги издава „Просветно дело“ се исклучително значајни како дополнителна литература за учениците.

- Ќе се обидеме да направиме една интеракција меѓу нас, наставниците и списанијата кои ќе ги претставиме денес, а тоа се „Росица“ за прво одделение, „Другарче“ за второ и трето одделение, „Развигор“ за четврто и петто одделение и „Наш свет“ за тинејџерите. Она што ме радува е тоа дека се враќа на голема врата помошната литература во списанијата за деца - изјави проф. д-р Виолета Димова, промотор на овој настан.

- Идејата ни е да покажеме како преку книжевни текстови кои ги почитуваат востановените вредносни критериуми нашите деца да почнат да распознаваат што е квалитетен текст, што е лекториран текст и што е текст што ги почитува нормите на македонскиот литературен јазик - изјави доц. д-р Ана Витанова-Ригачева, исто така промотор на настанот.

Настанот се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД, а беа присутни голем број студенти, наставници од основни и од средни училишта, како и филолози кои се занимаваат со оваа проблематика.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.