Деновиве Филолошкиот факултет во Штип го објави третиот број на меѓународното научно списание „Палимпсест“ ‒ списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања.

Во третиот број на „Палимпсест“ се објавени 23 научни и стручни трудови во рубриките Јазик, Книжевност, Култура, Методика на наставата и Прикази од автори од Македонија и од странство. Во третиот број со свои трудови се застапени авторите Виолета Јанушева, Марија Леонтиќ, Милена Касапоска-Чадловска, Евен Л’Калве-Ивичевиќ, Барбара Водановиќ, Валентина Милошевиќ-Симоновска, Мери Басовска, Билјана Ивановска, Пиерино Венуто, Антонела Запарата, Франко Костантини, Марија Ѓорѓиева-Димова, Луси Караниколова-Чочоровска, Кадрије Туркан, Амра Мемиќ, Катерина Петровска-Кузманова, Родна Величковска, Стојанче Костов, Камила Милковска-Самул, Екатерина Намичева, Петар Намичев, Реа Лујиќ, Нурај Кајадиби, Неџати Демир, Татјана Илиевска, Нина Даскаловска, Ранко Младеноски, Марија Гркова.

Во предговорот кон третиот број на „Палимпсест“ главниот и одговорен уредник, проф. д-р Ранко Младеноски, истакнува: „Со објавувањето на третиот број, меѓународното научно списание „Палимпсест“ веќе зачекорува смело и самоуверено во втората година од своето постоење. Успешниот почеток со двата објавени броја во минатата 2016 година нè поттикнува и нè охрабрува сите нас коишто сме ангажирани во објавувањето на нашето списание да продолжиме со напорите за неговото развивање и афирмирање“.

Меѓународното научно списание „Палимпсест“ се објавува во електронска (http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL/about) и во печатена форма во два броја годишно. Во списанието се објавуваат трудови од областите лингвистика, наука за литературата, методика на наставата и културологија. Исто така, резервирана е и рубрика за прикази, односно за рецензии за најновата продукција (книги, монографии и слично). Во „Палимпсест“ се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, германски, италијански, француски и турски јазик. Уредувачкиот одбор на списанието е составен од 30 уредници (универзитетски професори) од 17 земји: Македонија, САД, Русија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Швајцарија, Романија, Унгарија, Турција, Индија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Словенија и Србија.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.