Во рамките на проектните активности по предметот Средновековна книжевност, студентите од Катедрата за македонски јазик и литература остварија работна посета во Рилската библиотека.

Работната посета реализирана преку кусо истражување и интерактивни предавања од страна на компетентни лица ангажирани во Рилскиот манастир беше во согласност со значајни сегменти од наставниот материјал. Студентите имаа ретка можност да видат стари преписи од зборниците на Владислав Граматик, но и на мултимедијален начин да ги надградат своите знаења околу неговата дејност и творештво. Исто така, ги утврдија знаењата околу детектирањето и чувањето на ракописите и старите и ретки книги што се чуваат во библиотеката на Рилскиот манастир.

Како уште поретка можност, детално беа разгледувани ракописи од XI, XII и XIII век. Студентите се запознаа и со начините за опис на старите ракописи, како и со дигитализацијата на книжниот фонд во библиотеката на Рилскиот манастир. Преку она што го реципираа студентите, се направи одлична корелација меѓу веќе наученото и тоа што успеаја да го детектираат на терен. Работната посета беше во организација, реализација и под менторство на доц. д-р Милена Ристова-Михајловска, а со логистичка поддршка на раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература, проф. д-р Виолета Димова, и деканката на Филолошкиот факултет при УГД - Штип, проф. д-р Драгана Кузмановска.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.