На 7 септември 2017 год. проф. д-р Аднан Исмаили и проф. д-р Марија Леонтиќ имаа работна средба на која се разговараше за настанокот и развојот на двете катедри – Катедрата за ориенталистика при Државниот универзитет во Тетово и Катедрата за турски јазик и книжевност при УГД.

Се разговараше за организацијата на работата, наставничкиот кадар, проблемите со кои се соочуваат и можните решенија.

Катедрата за ориенталистика на Државниот универзитет во Тетово се состои од две групи: Група за турски јазик и книжевност и Група за арапски јазик и книжевност, а Катедрата за турски јазик и книжевност на Универзитетот „Гоце Делчев“ се состои од две групи: Група за наставници по турски јазик и книжевност и Група за преведување и толкување од турски на македонски, од македонски на турски јазик и од османско-турски на македонски јазик. Групите на двата универзитета се трудат да обучат подмладок што ќе биде конкуретен на пазарот на трудот.

Проф. д-р Марија Леонтиќ со најискрени желби меѓусебно да ги следат своите достигнувања, оваа средба ја искористи како можност на библиотеката за ориенталистика во Тетово да подари книги за турскиот јазик  што се работени на Катедрата за турски јазик и книжевност во Штип.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.