Во рамките на проектот „Француски учиме - македонски читаме, култура спојуваме и развиваме" делегација од Штип реализираше предавање и претставување на македонската литература во Париз.

Во координација со наставничкиот кадар на Националниот универзитет за јазици во Париз - ИНАЛКО, а согласно со потребите на студентите, се одржа предавање на конкретни теми од областите на литературата, јазикот и библиотечната дејност. Конкретно во Париз, Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип бешe претставен од насл. доц. д-р Милена Ристова-Михајловска како претставник на Катедрата за македонски јазик и беше остварена книжевно-уметничката средба „Литературата и уметноста - база за кохезија на раритетите, старините и современите дела".

Предавањата на темите „За ретките збирки, старопечатените книги и единствениот ракопис што се чува во Библиотеката во Штип“ и „Свадбени песни и обичаи од Штип и Штипско" ги одржа доц. д-р Милена Ристова-Михајловска. На книжевно-уметничката средба беа претставени академските списанија „Кула" и „Палимпсест" од издавачката дејност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип, како и дел од едициите „130 тома македонска книжевност", „Нобеловци" и „Ѕвездите на светската на светската книжевност“. Во рамките на работната посета на Париз, претставниците од Штип имаа прием кај амбасадорката на РС Македонија во Париз, н.е. Јадранка Чаушевска-Димов со чија логистичка и координативна помош и поддршка се реализираше и работната посета. На книжевно-уметничката средба, пак, присуствуваше г-ѓа Марица Ристевска како претставник од амбасадорката на РС Македонија во Париз.

За време на работната посета беше посетена и Националната библиотека на Франција „Франсоа Митеран" во Париз. Споменативе активности, како дел од споменатиов проект, се во организација на НУУБ „Гоце Делчев" - Штип, Филолошки факултет при УГД - Штип, Амбасадата на РС Македонија во Париз и ИНАЛКО - Париз, Франција. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на РС Македонија.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.