Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, поставува цврсти темели како услов за понатамошно надградување и усовршување на својата дејност како високообразовна и научна институција во која постојано се негува сега и во иднина љубовта кон филолошките науки, а младите луѓе се оспособуваат за културен натпревар меѓу народите и особено за зачувување на македонскиот национален идентитет.
Почнувајќи од значењето на зборот филологија, што означува љубов кон зборот, Филолошкиот факултет има особено важна мисија во оспособувањето на студентите за продлабочување на знаењата од областа на македонскиот јазик и литература, како и во изучувањето на странските јазици и на тој начин во создавањето љубов кон јазикот и литературата воопшто.
Правилници, барања и обрасци за студирање
- Образец за пријава за тема на магистерски-стручен труд
- Барање за формирање на комисија за оценка и одбрана на магистерски/специјалистички труд
- Барање за проверка на студентско досие
- Општо барање
- Уплатница со жиро сметки
- Правилник - ЕКТС
- За изработка на трудови
- За прв циклус
- За втор циклус
- За трет циклус