Се известуваат сите заинтересирани дека Германската амбасада заедно со Гете Институтот и Кинотеката организираат манифестација „Денови на германскиот филм“, што ќе се одржи од 1 до 4 септември, во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката во Скопје.
Програмата содржи наградувани играни филмови и неконвенционални, автентични кратки филмови.