-
Создадено: Понеделник, 02 Октомври 2017
Ајшенур Карадут, Ајдан Алтан, Шериф Давулџу, Мехмет Ѓол и Еркул Ахметоглу од Република Турција во краток временски период успешно ги одбранија своите дипломски работи на Групата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.
Тие се среќни што во Турција ќе се вратат со диплома и ќе ја започнат постапката за нострификација. Ајшенур Карадут рече: „Среќна сум што избрав да студирам и дипломирам во Македонија“.
Групата за турски јазик и книжевност им посакува многу среќа при нострификацијата на дипломата и на професионален план.