Почитувани колеги!

Ве покануваме да учествувате во Петтата меѓународна научна конференција „ФИЛКО“: филологија, култура и образование што ќе се одржи на 2-4 април 2020 година на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Македонија.

Организатори на конференцијата:

Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (Штип, Македонија)

Филолошки факултет при Воронешкиот државен универзитет (Воронеж, Русија)

Меѓународната научна конференција „ФИЛКО“, посветена на актуелните проблеми во филологијата, културата и образованието, има за цел да ги обедини на едно место професионалците од овие области (професори, докторанди, магистранти).

За учество во конференцијата се покануваат научници, наставници во основно и средно образование, вработени во библиотеки, докторанди и магистранти.
На конференцијата ќе бидат дискутирани следниве теми:

1. Филологија

– Современи лингвистички истражувања: контрастивни проучувања на јазиците, интеркултурна комуникација, јазична политика, преведувачки предизвици
– Словенските јазици во современиот свет
– Словенските литератури во европската и светската книжевна констелација
– Современата светска литература: најважни трендови

2. Култура

– Нови тенденции и пристапи во теоријата на културата
– Културата и прашањата на етничкиот идентитет
– Меѓународни културни врски во време на социо-политички промени
– Македонија и Русија: културни паралели
– Одразот на современото општество во културата (музика, филм, сликарство, литература, филозофија)
– Етнолошкото и археолошкото наследство во Македонија, Русија и на Балканот

3. Образование

– Современите образовни процеси во Македонија, Русија и Европа
– Методи во наставата по јазик и литература: усвојување втор јазик; образование на наставниците по мајчин и странски јазик; развивање програми за учење мајчин и странски јазик
– Учење на далечина
– Образование и практика
– Прашања на повишување на стручната квалификација

Работни јазици на конференцијата:
– македонски, руски и англиски јазик

Форми на учество на конференцијата:
– редовно: реферат, дискусија;
– вонредно: статија, постер сесија, онлајн

Пријавата, апстрактите и статиите се испраќаат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Котизацијата од 1850 денари или 30 евра е задолжителна за сите учесници на конференцијата

Време за излагање и дискусија – 15 минути.

Статиите ќе бидат објавени во електронски зборник по одржувањето на конференцијата.
Редовните учесници на конференцијата сами ги сносат трошоците за пат и престој.

Рок за поднесување на пријавата и апстрактите – до 15 март 2020 година Известување за прифаќање на апстрактите – до 18 март 2020 година

Краен рок за поднесување на статиите - до 1 мај 2020 година

Контакти:
Наташа Сарафова Ирина Аржанова
Јована Караникиќ-Јосимовска Филолошки факултет, ВГУ
Филолошки факултет, УГД + 7 (951) 853 90 26
+389 (0) 32 550 167
+389 (0) 32 550 187
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.