-
Создадено: Вторник, 31 Март 2020
Од пристигнатите 54 есеи на тема „Половина за нас, половина за другите“ – мудрост или тајна за опстанокот на човекот и светот, комисијата, составена од писатели и професори од катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, одлучи во потесен круг да влезат есеите на:
Крсте Демерџиев од СОУ „Богданци“
Тамара Алексова од СОУ Гимназија ,,Славчо Стојменски” – Штип
Ана Славевска од ССОУ „Димитрија Чуповски” – Велес
Марко Инѓилизов од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес
Дарко Барбарејски од Штип
Елена Соколоска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп
Марија Витанова од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Станела Гацова од ПСУ „Саба“
Им честитаме на ФИНАЛИСТИТЕ! Комисијата, која имаше тешка задача, срдечно им се заблагодарува на сите учесници и на нивните ментори.
ДОБИТНИЦИТЕ НА ТРИТЕ НАГРАДИ – ваучери за покривање на партиципацијата за првата година од студиите на кој било факултет и студиска програма на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип - ќе бидат објавени в ПОНЕДЕЛНИК на Фејсбук страницата на Филолошкиот факултет.