-
Создадено: Понеделник, 15 Јуни 2020
На 12.6.2020 година на Филолошкиот факултет во Штип, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, се одржа првата онлајн одбрана на магистерски труд на студентката од втор циклус на студии, Ана Митева (Димоска).
Магистерскиот труд со наслов „Усвојување на збороредот од страна на македонските изучувачи на англиски јазик и улогата на јазичниот трансфер“ е изработен под менторство на проф. д-р Марија Кусевска, вонреден професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност.
Јавната дискусија ја следеше и ја оцени Комисијата во состав: доц. д-р Натка Јанкова-Алаѓозовска, претседател; проф. д-р Марија Кусевска, член; проф. д-р Билјана Ивановска, член.
Одбраната на магистерскиот труд се одвиваше преку платформата Microsoft Teams и помина во најдобар ред, без какви било технички проблеми.
Комисијата утврди дека станува збор за оригинален научен труд. Кандидатката Ана Митева (Димоска) се стекна со звање магистер по филолошки науки од областа Англиски јазик.
Почнувајќи од месец март 2020 година на Филолошкиот факултет во Штип редовно се одвиваат онлајн одбрани на дипломски трудови преку платформата Microsoft Teams.