-
Создадено: Вторник, 30 Јуни 2020
Деновиве излезе од печат книгата со наслов „Мистичните патеки на Мевлана и Јунус Емре“ од проф. д-р Махмут Челик и м-р Ивана Котева.
Јунус Емре е мистик кој ја опевал љубовта кон луѓето, а Мевлана е мистик кој преку поезија, афоризми и предавања се трудел да ја шири љубовта и почитувањето меѓу луѓето. Оваа книга е посветена на проф. д-р Виолета Димова.
Проф. д-р Марија Леонтиќ и проф. д-р Махмут Челик во рамките на проектот „Евалуација на наставата по јазик и книжевност во високото образование“ чиј раководител е проф. д-р Виолета Димова организираа работилница за творење афоризми. Резултатите од истражувањето и афоризмите за жената се изнесоа во труд со наслов „Евалуација на работилницата за творење афоризми за жената на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Со овие гестови вработените и студентите од Катедрата за турски јазик и книжевност сакаат да ја искажат својата почит, љубов и благодарност кон проф. д-р Виолета Димова која даде голем придонес во развојот на оваа катедра, бидејќи само на овој начин се создава традиција во високото образование.
Книгата на проф. д-р Махмут Челик и м-р Ивана Котева може да се најде во Универзитетската библиотека на Универзитетот „Гоце Делчев“.