Студентите од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип активно се вклучуваат во одбележувањето на 26 септември, Европскиот ден на јазиците.

Во 2001 година Советот на Европа и Европската комисија го определува 26 септември како датум за одбележување на Европскиот ден на јазиците. Целта е да им се даде значење на јазиците како фундаментален и нераскинлив дел од културното наследство на Европа и сите активности коишто се организираат на овој ден, се во насока на истакнување на важноста од изучувањето на јазиците.

Европскиот ден на јазиците од една страна ја промовира богатата јазична и културна разноликост на Европа и придонесува за подигнување на свеста за многујазичноста и меѓукултурното разбирање, а од друга страна ја промовира и поддржува идејата за доживотно учење јазици во и надвор од училиштата, студирањето, како и изучување јазици за професионални потреби или за задоволство.

По повод Европскиот ден на јазиците, студентите од Филолошкиот факултет работеа на превод на песната „Јазикот наш насушен“ од поетот Иван Василевски.

Песната беше прведена на англиски, италијански, руски, шпански, турски и германски јазик.

Исто така, студентите читаа и познати фрази, афоризми и цитати на странскиот јазик што го изучуваат.

 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.