Спој на Штип и Париз преку различните културни особености

Учество на студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност во предавање и културно - уметничкото претставување (24.9.2020)

Наши студенти зедоа учество во ,,онлајн" предавање и културно - уметничко претставување на тема „Француско - македонски стихопловења низ вековите и денес. Спој на Штип и Париз преку различните културни особености".

Конкретно, во оваа проектна активност се вклучија студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет од УГД - Штип под менторство на доц. д-р Милена Ристова - Михајловска.

Активноста е во рамки на проектот ,,Француски учиме, македонски читаме - култура спојуваме и развиваме", чиј носител е НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип, а поддржан од Министерството за култура на Р. С. Македонија.

Следуваат уште неколку вакви предавања и претставувања во кои ќе земат учество нашите студенти во рамки на истиот проект. Меѓу проектните активности ги истакнуваме  бесплатните ,,онлајн" курсеви по француски јазик што започнуваат од 28 септември 2020 год.

Предавањето и културно - уметничкото претставување се реализираа по повод Европскиот ден на јазиците, 26 септември.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.