На 7.10.2020 година кандидатката Елена Арсовска го одбрани својот магистерски труд под наслов Употребата на модалните глаголи во научни трудови на англиски и на македонски јазик пред комисија во состав: проф. д-р Марија Кусевска – ментор, проф. д-р Нина Даскаловска – претседател и проф. д-р Билјана Ивановска.

Во овој труд, кандидатката Елена Арсовска обработи еден многу значаен сегмент од областа на Лингвистиката и Контрастивната анализа на англискиот и македонскиот јазик.

Овој магистерски труд претставува прво истражување што ја анализира употребата на модалните глаголи во еден специфичен контекст како што се научните текстови. Кандидатката Елена Арсовска успеа да ги опише нивните функции и да направи сериозна споредба меѓу двата јазика. Таа посебно се осврна на тоа како авторите ги користат модалните глаголи за да го пренесат својот авторитет и да ги убедат читателите, од една страна, а од друга страна сепак да не им се наметнуваат и да не звучат категорично.

Во анализата се расветлуваат некои когнитивни процеси при истражувањето и пишувањето трудови и се воочуваат некои културни и јазични разлики и стратегии. Различната употреба на модалните глаголи укажува на различниот однос на говорителите на англискиот и на македонскиот јазик кон фактите и различниот степен на директност и индиректност во изразувањето, што е многу важно во комуникацијата со читачката публика. Познавањето на соодвениот еквивалент од двата јазика е од особена важност за правилна употреба  на модалните глаголи и зачувување на односот помеѓу лицата вклучени во комуникацијата. Оттука произлегува и целосната мотивација за реализирање и проучување на разликите и сличностите помеѓу двата јазика во оваа неистражувана тема.

Затоа оваа тема е особена важна за сите оние кои имаат потреба да пишуваат научни или друг вид статии на англиски јазик или да прават презентации на конференции, семинари и сипозиуми пред странска публика. Таа е важна и за пошироката јавност, како на пример за изучувачите на англискиот јазик во нашата земја, како и на оние кои го предаваат јазикот или се занимаваат со преведување.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.