-
Создадено: Среда, 04 Ноември 2020
Софија Иванова, студентка на Катедрата за италијански јазик и книжевност, освои награда на конкурсот „Италијанскиот јазик помеѓу збор и слика (графити, илустрации и стрипови" – „L'italiano tra parola e immagine" по повод XX Недела на италијанскиот јазик во светот.
Настанот го организираше ЛУБ „Благој Јанков - Мучето" во Струмица, а доделувањето на наградите се одржа на ден 30.10.2020 во просториите на библиотеката.
Конкурсот се одвиваше во две категории: „Италијанскиот јазик изразен преку збор (поезија и проза)" и „Италијанскиот јазик преку илустрација (стрип)".
Студентката Софија Иванова учествуваше во првата категорија и беше наградена со дела од областа на филологијата: „Избор песни" од Џакомо Леопарди, „Философски фрагменти" од Лазар Динев, и „Јазично разјаснување" од Ристо Тодоров.