,,Со зборови си ги упатил народите во верата Божја.

Со делата си се издигнал, преблажене, кон божествен и блажен живот.

Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат верно кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија.

Поради тоа го славиме Твојот божествен спомен, Клименте!"

Тропарот за Тебе, Клименте, нека денес биде наша восхвала и благодарност кон Тебе!

Ние како јазичари и книжевници секојдневно просветуваме, пишуваме, се надградуваме, твориме и со дела делото Твое го почитуваме.

Пандемијата ни го оневозможи физичкото присуство при реализацијата на наставата, но не ни ја намали волјата, туку ни ја засили енергијата да бидеме успешни како професори, да ни се усовршуваат, едуцираат и надградуваат студентите непречено.

Нашиот факултет ќе продолжи да го исполнува аманетот од Сесловенските браќа и да ја негува Климентовата оставнина.

Нека е честит празникот на св. Климент Охридски!

Нека биде вечно Неговото дело!

Срдечно,

Деканката на Филолошки факултет, проф. д-р Драгана Кузмановска, заедно со наставничкиот и соработничкиот кадар на Филолошкиот факултет при УГД - Штип

 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.