-
Создадено: Вторник, 22 Декември 2020
И по 97 години од раѓањето на Ацо Шопов, глаголењата од тишината остануваат инспирација за младите, современиците и почитувачите на неговото дело.
Родум од Штип, поет и дипломат, спојувач на Штип и Жоал... ,,Отклучувач" на новиот објект на Библиотеката во Штип, истоименец со Роднокрајното библиотечно одделение, завештан преку својата спомен - соба во Центарот за култура во Штип... Ова се само дел од сликите на неговиот овековечен спомен во современата реалност на градот под Исарот, во земјава и надвор од неа.
Неговата поезија и по толку години претставува наш предмет на интерпретации, избор за рецитации и препознатлив темел на современите македонски стихови.
Ние како просветни работници заедно со нашите студенти го одбележуваме денот на раѓањето на Ацо Шопов со ветување дека ќе продолжиме да ги негуваме силните траги и севременските стихови што тој за македонската литература ги остави.
Честити 97 години од раѓањето на Ацо Шопов!