-
Создадено: Среда, 24 Март 2021
Студентите од Катедрата за италијански јазик и книжевност и од Катедрата за македонски јазик и книжевност, под водство на проф. д-р Ева Ѓорѓиевска, доц. д-р Јована Караникиќ Јосимовска и доц. д-р Ана Рингачева, на 22 март 2021 г. преку платформата Zoom учествуваа во работилница на тема Сетилната поетика на Божествената Комедија: Пеколот и Чистилиштето - Poetica sensoriale della Divina Commedia: Inferno e Purgatorio.
Работилницата се одржа во знакот на 700 години од смртта на Данте Алигиери, а резултатите од работилницата ќе бидат претставени на настанот Денот на Данте кој ќе се одржи на 25 март. Студентите солидно одговорија на задачата, правилно ги разбраа поставените начела на „сетилната поетика“ и релативно брзо навлегоа во светот на Дантеовата поетска мисла, преку извадоци од делото го доловија и го реконструираа значењето на текстот.