Оваа година се одбележуваат 700 години од смртта на Данте Алигиери, најголемиот италијански поет и книжевник, кој се смета за татко на италијанскиот јазик.

Во чест на овој великан на литературата, на Денот на Данте, 25-ти март, Филолошкиот факултет го организираше настанот „Dante attraverso colori, odori e suoni: La poetica sensoriale della Divina Commedia - Данте низ бои, мириси и звуци: Сетилната поетика на Божествената Комедија“.

Студентите имаа можност да ги проследат излагањата на д-р Дарио Галасини од Центарот за студии за Данте од Универзитетот во Корк, Ирска и д-р Ариана Капироси од Универзитетот во Фиренца, Италија.
Во рамките на овој настан, доц. д-р Јована Караникиќ Јосимовска и проф. д-р Ева Ѓорѓиевска, ги претставија резултатите од работилницата „Сетилната поетика на Божествената Комедија: Пеколот и Чистилиштето - Poetica sensoriale della Divina Commedia: Inferno e Purgatorio“.

- „На работилницата која ја одржавме со студентите од италијанистика и македонистика беа анализирани поетските средства употребени во одделни сегменти на Божествената комедија кои ставаат акцент на имагинарното активирање на сензациите во процесот на читање. Студентите се концентрираа на пет одлики на поетскиот текст - евокацијата на звукот, бојата, густативните метафори, олфактивните сензации, тактилните перцепции и пред сè на емотивната одлика на поетскиот текст. Целта на работилницата беше да се разгледуваат споредбено сите аспекти на сензацијата која ја презентира поетиката на Данте низ градации и варијации“.
На настанот учествуваше и Амбасадорот на Република Италија, г. Андреа Силвестри.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.