-
Создадено: Вторник, 10 Август 2021
На 14 јули 2021 година на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип се одржа јавна одбрана на магистерскиот труд на кандидатката Викторија Мрмеска на тема „Мoтивацијата како клучен фактор во изучувањето на фразеологизмите во наставата по германски јазик“.
Јавната одбрана на магистерскиот труд беше спроведена по електронски пат на платформата Microsoft Teams.
Магистерскиот труд на кандидатката Викторија Мрмеска обработува тема од областа на Методиката на наставата по германски јазик, односно се става акцент на мотивацијата на учениците како клучен фактор во усвојувањето на фразеологизмите во германскиот јазик. Кандидатката како начини за изучување на фразеологизмите во наставата по предметот Германски јазик ги зема предлозите кои ги дава Купер за подучување и учење на фразеологзимите во наставата по странски јазик. Таа ги имплементира овие предлози практично во наставниот процес и ги анализира добиените резултати.
Трудот на Мрмеска е изработен под менторство на професор д-р Драгана Кузмановска, а јавната одбрана се спроведе пред Комисијата во состав: проф. д-р Билјана Ивановска – претседател, проф. д-р Драгана Кузмановска – член и доц. д-р Весна Коцева – член.
Членовите на Комисијата заклучија дека кандидатката Викторија Мрмеска го одбрани успешно својот магистерски труд и се стекна со звање магистер по филолошки науки од областа германски јазик.